„А1он“: Лица со симптоми на корона вирус седат во карантин, нема кој да им земе брис

Имале претходен контакт со заболени од Ковид-19, заглавени се во домашна самоизолација и имаат активни симптоми – висока температура, кашлица и треска, а сепак, сето ова не е доволно за реакција од страна на Центарот за јавно здравје. Како што објави „А1он“, до нивната редакција се обратило лице токму во ваква ситуација, кому му било кажано да се јави само ако развие посериозни симптоми.
Според „А1он“, машкото лице што ги контактирало веќе трет ден е во карантин. Човекот 15 минути се обидувал да се јави на телефонските линии, кои биле зафатени, а кога конечно успеал, објаснил дека бил во контакт со заболен и дека ги има сите симптоми, дека не може да излезе, но и дека живее со постари родители кои се хронично болни, по што побарал Центарот за јавно здравје да испратат медицински лица да му земат брис за анализа. Од Центарот, меѓутоа, му одговориле да се јави ако му се влоши состојбата.
И редакцијата на „А1он“ се јавила во Центарот, а од таму одговориле дека не можат да постигнат и побарале новинарите да имаат разбирање… Целата статија прочитајте ја ТУКА.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Ќе работиме со МВР и општините да се зголеми опфатот на камерите од „Безбеден град“
-

Како „Везилка“ ќе ја ткае паметната иднина? | Димитар Трајанов и Пешевски | Sitel Podcast 129
-

Филипче: Вечерва ќе побарам да се повлечат сите членови на ИО, новите членови ќе бидат избрани за две недели
-

Уставната судијка Дабовиќ поднесе оставка
-

Уапсен е сопственикот на кравите во Крива Паланка | ВИДЕО
-

Путин: Русија не сака војна, но ако Европа ја сака - подготвени сме
-

Одбраната ги оспорува обвиненијата за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 4 декември
-

Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел
