Македонија
20. August 2020 - 9:26

657 лица казнети за неносење маска во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (19/20.08.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 657 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.