5.000 евра казна за Ласица бидејќи ги плукаше македонските навивачи
Ракометарот од репрезентацијата на Црна Гора, Марко Ласица, доби парична казна од страна на ЕХФ во висина од 5.000 евра. Дисциплинската комисија на ЕХФ не остана имуна на случувањата по натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Црна Гора.
Веднаш по завршувањето на натпреварот, Марко Ласица прикажа недолично однесување кон македонските навивачи во Дебрецен и почна да ги плука.
Дополнително, дисциплинската комисија на ЕХФ потсети дека ваквото однесување е штетно за имиџот на ракометот и не смее да се толерира во ниту еден случај. За среќа, обезбедувањето одлично си ја заврши својата работа и спречи да дојде до голем инцидент.
Сепак, по натпреварот Марко Ласица, откри зашто плукнал кон македонските навивачи по натпреварот.
- Сакам да и се извинам на целатамакедонска јавност и да ја објаснам целата ситуација. За време на целиот натпревар ме маваа со монети и бев плукан, а по мечот еден од навивачите ме плукна когабев во негова близина и му возвратив. Направив голема грешка и се извинувам. Јас ја ценам македонската публика, нејзината посветеност он репрезентацијата и клубовите. Но овие поединци кои се однесуваат недостојно не може да се наречат навивачи. Истот така и Вујовиќ беше погоден со шише од трибините. Меѓутоа и мојата реакција е за секаква осуда и уште еднаш се извинувам за мојот потег, изјави црногорскиот репрезентативец.
Ново на Сител
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид