40% од БДП потпаѓа под сивата економија - Македонија на 4-то место во ЈИЕ
Сивата економија во земјава зафаќа речиси 40 проценти од БДП. Со овој процент земјава е рангирана на високото 4 то место во Југоистична Европа. Од меѓународните организации велат дека пандемијата дополнително ја зголемила работата на црно насекаде во светот. Голем број работници работеа за ниски плати без никакви договори.
-Многу луѓе не се свесни дека невидливата рака на сивата економија има директно влијание врз квалитетот на нивниот живот. Се превемаат мерки но предизвиците остануваат и останува уште многу да се направи. Целта е да се трансформира националниот систем за јавно финансирање и подобра бизнси клима, вели Сања Бојаниќ од УНДП.
Приближно половина од неформално вработените се од земјоделскиот сектор. Станува збор за неплатени семејни работници. Најчеста причина пак за неформално вработувањ е недостатокот од редовни работни места и сезонската работа.
Вицепремиерот за борба против корупцијата Николовски преку конфискација на имот ќе се бори против сива економија.
Сивата економија долги години се провлекува. И од бизнис секторот и аналитичарите апелираат што поскор да се реши оваа ситуација.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар