Свет
29. September 2016 - 9:27

28 Септември прогласен за ден на Вацлав Хавел во Њујорк

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио го прогласи 28 септември за ден на поранешниот чешки претседател и дисидент Вацлав Хавел, јавија чешките медиуми.

По тој повод, биле изведени неколку претстави од Хавел кој беше и драматург, а кој почина на 18 декември 2011 година.

- Вацлав Хавел стана симбол на слободата и човековите права и тоа не само за нас граѓаните на Чешка. Потребно е да се сетиме на неговото залагање, бидејќи светот ни од далеку не е беѕбеден ниту сега и слободата и човековите права не им се загарантирани на сите, изјави во Њујорк претседателот на чешкиот Парламент Јан Хамачек.

Чешка го слави 28 септември како Ден на државноста.