Македонија
25. May 2022 - 16:30

25 мај - Денот на младоста

Вака се славеше Денот на младоста, еден од најголемите празници во поранешна СФРЈ. 

Иако е роден порано, на 7 мај, во почетокот 25 мај се одбележувал како роденден на претседателот Јосип Броз Тито. Подоцна, на негова иницијатива овој празник бил прогласен за Ден на младоста.

Приврзаниците сè уште го одбележуваат овој ден.

Препознатлив симбол за овој ден била Штафетата на младоста, која повеќе од еден месец се носела низ цела Југославија, а на Денот на младоста со свечена церемонија штафетата се предавала на тогашниот претседател Тито. Граѓаните со радост се сеќаваат на овој ден.

Но, помладите генерации сè помалку знаат за значењето на Денот на младоста.

Денот на младоста во рамки на СФРЈ се одбележувал од 1945-та до 1988-та година. Во носењето на т.н. Титова штафета учествувале над 12.000 младинци, кои вкупно трчале околу 9.000 километри. А, најдобрите ученици лично му ја предавале штафетата на Тито на Белградскиот стадион.