Фудбал
24. March 2017 - 11:37

24.март - ден за фудбалски натпревари на Македонија

24.март - ден за фудбал. Четири македонски репрезентации денеска ќе имаат активности.

А репрезентацијата во рамките од квалификациите за СП гостува кај Лихтенштајн. Почетокот на дуелот е во 20:45 часот.
Репрезентацијата до 21 година во Скопје тренинг центар „Петар Милошевски“ е домаќин на соодветната селекција на Црна Гора. Почетокот на дуелот е во 14 часот (пренос СИТЕЛ 3).
Селекцијата до 19 годни игра на турнирот во Рига, Летонија, а денеска ривал им е селекцијата на Украина.
Футсал репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот во спортска сала „Гемиџии“ во Велес ќе оддигра пријателски натпревар со Хрватска.