21 кривични пријави поднесе МВР во последните две недели за сторени кривични дела во врска со семејно насилство

Во текот на последните две недели Министерството за внатрешни работи поднесе 21 кривични пријави за сторени вкупно 25 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои шест кривични пријави се поднесени по брза постапка.
Покрај ова на подрачје на СВР Скопје поднесени се пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три се за „загрозување на сигурноста и две кривични пријави за кривично дело „демнење“.
Притоа, изречени се пет мерки притвор, како и една мерка „претпазливост“ на подрачје на СВР Скопје.
Најголемиот дел од кривичните дела во врска со семејно насилство се „загрозување на сигурноста“-11 и 10 кривични дела „телесна повреда“. Додека, регистрирани се по една кривична пријава за „тешка телесна повреда“, „неизвршување судска одлука“, „противправно лишување од слобода“,„обид за убиство“ и „полов напад и силување“. За делото „обид за убиство“ во Скопје од пред неколку дена, сторителот е лишен и се преземаат интензивни мерки за негово целосно документирање и затворање со соодветна кривична пријава. Што се однесува до Секторите за внатрешни работи, СВР Скопје поднесе пет кривични пријави, СВР Куманово поднесе две, СВР Штип три, СВР Охрид четири, СВР Струмица поднесе пет кривични пријави, а по една пријава поднесоа СВР Тетово и СВР Велес.
Инаку, во наведениот период од две недели на територија на целата држава пријавени се 39 настани во врска со кривични дела со семејно насилство и 63 поплаки во врска со семејно насилство.
Во споредба со последбите неколку години, важно е да се потенцира дека во 2025 година бележиме тренд на зголемување на бројот на изречени мерки „притвор“ во рамки на кривичните пријави по брза постапка, кој продолжува и во 2026 година, особено по законските измени.
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
