Македонија
20. September 2020 - 17:31

178 нови случаи на Ковид-19 во земјава во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1368 тестирања, а регистрирани се 178 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-42, Куманово-19, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-16, Тетово-14, Струга-5, Велес-5, Битола-4, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-11, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Свети Николе-1, Кичево-8.
 
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 71 оздравен пациент од: Скопје-25, Куманово-11, Штип-10, Прилеп-7, Струга-5, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-1, Крива Паланка-3, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1.
 
Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (61 и 59г), пациент од Куманово (69г) и пациентка од Штип (70г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16735, бројката на оздравени пациенти е 13863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2179. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6675, активни 598
• Куманово 1694, активни 211
• Дебар 276, активни 41
• Штип 1230, активни 63
• Прилеп 618, активни 138
• Тетово 1376, активни 170
• Струга 647, активни 63
• Велес 309, активни 36
• Битола 272, активни 66
• Охрид 405, активни 47
• Кавадарци 215, активни 36
• Гостивар 903, активни 113
• Гевгелија 107, активни 65 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 175, активни 108
• Крива Паланка 95, активни 37
• Радовиш 70, активни 24
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 255, активни 98
• Пробиштип 103, активни 22
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 91, активни 12
• Пехчево 42, активни 18
• Берово 79, активни 21
• Валандово 17, активни 8
• Виница 98, активни 28
• Делчево 144, активни 75 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 4
• Свети Николе 316, активни 21
• Кичево 309, активни 36
• Ресен 160, активни 13
• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
 
Направените 1368 теста се преку: ИЈЗ-456, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-420,  Биотек-67, МАНУ -51, Жан Митрев (Филип Втори)-61, Систина со PCR метода -110, лабораторија Лаор –67, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-76, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 175.465 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.
 
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  
 
Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
 
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.
 
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 154, позитивни и сомнителни на ковид-19.
 
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 62
• Гази Баба – 74
• Аеродром - 89
• Карпош – 74
• Центар – 81
• Кисела Вода – 57
• Ѓорче Петров – 37
• Бутел - 33
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 11
• Сарај – 16
• Арачиново – 9
• Илинден – 14
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 6
• Зелениково - 2
• Странец – 6
• Нераспределен-4