139 санкционирани возачи во Скопје, 14 возачи на мотоцикли
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 16 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за возач почетник, пет санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот