-->
-->
10.та победа за Ѓорческа во серија
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја оствари и 10.та победа во серија откако денеска за помалку од еден час (58 минути) ја победи Анастасија Вдовенко од Молдавија со 6-1 и 6-2 во сетови. Со овој триумф Ѓорческа обезбеди полуфинале на уште еден фјучрс во Анталија.
Воедно ова за неа е 10.та победа во серија откако има три триумфи во сингл на овој турнир, пет од претходниот турнир на кој победи и два во квалификациите на фјучрсот во Истанбул, но потоа поради здравствени проблеми мораше да го откаже настапот на главиот турнир.
Таа утре во полуфиналето ќе игра со подобрата од мечот Гулинарова (Украина) и Поспелова (Русија).
Во конкуренција на двојки денеска со Ива Приморац од Хрватска го играат полуфиналето против Фолц (Узбекистан) и Поспелова (Русија).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
-
До петок сончево и топло
-
Кривична против полицаец од скопски Аеродром - не извршил пасошка контрола на лице со мерка „апси“
-
Три лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар
-
Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава