Loading Video...
Свет
29. September 2020 - 17:26

100 мртви во борбите во Нагорно Карабах

Доналд Трамп и Џо Бајден вечерва ќе ја имаат првата од трите претседателски дебати. Актуелниот претседател на САД и поранешниот американски потпретседател ќе дебатираат на прашања поврзани со пандемијата на корновирусот, економијата и Врховнот суд на САД. Истражувачката сторија на Њујорк Тајмс - Даноците на Трамп се очекува да биде главното прашање за време на дебатата. Според последните анкети Бајден води пред Трамп. Претседателските избори ќе се одржат на 3 ноември.

Во големите шумски пожари во Калифорнија загинаа три лица, а илјадници се евакуирани. Сувиот воздух и силниот ветер ја отежнуваат работата на пожарникарите. Огнот се заканува да ги уништи познатите вински региони во областите Напа и Сонома.

На барање на повеќе еворпските земји, советот за безбдност на ќе одржи итна седница за регионот Нагорно Карабах, во кој веќе трет ден се водат жестоки судири меѓу ерменските и азербејџанските безбедносни сили. Седницата ќе биде зад затворени врати. Според последниот биланс, досега загинале најмалку 100 лица. Жртви пријавија и Ерменија и Азербејџан.