Живот
24. October 2023 - 19:48

100 години од основањето на компанијата Кристал АД 1923

Фабриката Кристал прослави 100 години од основањето, ретко кој во земјава може да се пофали дека опстојува цел век на пазарот на што  Македонија е исклучително горда. По повод големиот јубилеј од компанијата велат историјата го креира идентитетот, секојдневно го оплодуваме нашето наследство и 100 години сме реномирана компанија и единствена фамрика која произведува масло од сочогледовите насадите полиња на Македонија, идентитетот е темел на иднината.

Во рамките на оваа фабрика се произведуваат повеќе од 80 производи, има над 00,000,000+ верни купувачи ширум светоти се единствени извозници на македонско масло за готвење во САД, Канада и Европа.

Кристал АД1923 е добитник на бројни дипломи меѓу кои дипломи од Новосадски Саем, сертификати, награди, плакети и благодарници, меѓу кои и награда за најдобар квалитет на сончогледово масло.

Квалитетот за компанијата е еден од нашите најголеми вредности. Постојано се вложуваме во раст и развој и напредна технологија како и штедење енергија и намалување на загадувањето.