Спорт плус
26. January 2017 - 14:49

100 дена до Виз Ер Скопски маратон

Полека се приближува 7 мај, денот кога ќе се одржи Виз Ер Скопскиот маратон. Остануваат уште 100 дена до најголемиот и најпопуларниот маратон во Македонија. Во моментот тече вториот рок за пријавување кој трае до 31 јануари 2017 година, а потоа цената се зголемува.
На програмата се 4 трки: маратон, полумаратон, трка на 5км и штафетен маратон. Штафетниот маратон, 4 натпреварувачи трчаат по 10,5 км односно целата должина на маратонот, е одлична можност за развој на тимскиот дух помеѓу колегите и за забава со пријателите. Со учеството на штафетниот маратон сите ќе се забавуваат и ќе ја зацврстат тимската работа на начини кои се невозможни во други трки или натпревари.