Фудбал
29. January 2018 - 17:54

Звезда одби 6 милиони за Радоњиќ

Поранешниот европски првак Црвена Звезда објави дека е одбиена понуда од германскиот бундеслигаш Штутгарт за репрезентативецот Немања Радоњиќ.
Неофицијално понудата за фудбалерот кој пред само 6 месеци пристигна на Маракана  изнесува  6 милиони евра.
Раководството на белградскиот клуб донело одлука да не го продава талентираниот фудбалер во зимскиот преоден рок туку по завршувањето  на  настапите во Лига Европа.