Кошарка
6. јуни 2016 - 9:44

Звезда од минус 20 до драматична победа против Партизан

Кошаркарите на Ц.Звезда поведоа со 2-0 против Партизан во финалната серија од плеј-офот за шампионската титула. 

Црвено белите направија подвиг откако Гудуриќ постигна тројка во последната секунда од мечот за победа од 87-86. 
Партизан одигра феноменални три четвртини а во еден момент водеше со 50-30 и се чинеше дека Звезда ќе доживее дебакл. Но тимот на Радоњиќ успеа да се врати и да направи пресврт. Сепак Величковиќ со тројка донесе предност за Партизан од 83-80 кое Звезда во завршницата со слободни фрлања ублажи откако промаши Вилсон а драмата ја „режира“ Гудуриќ со тројка од 9 метри од табла.....