Фудбал
27. March 2016 - 19:08

Звезда должи 38 милиони

Генералниот директор на белградска Црвена Звезда, Звездан Терзиќ за медиумите изјави дека Ц. Звезда успеала да го намали долгот од 52 милиони на 38 со продажбата на неколку играчи во странство како Рајковиќ, Грујиќ, Јовиќ и Јовановиќ. 

Наша цел е да се пласираме барем еднаш во групната фаза од ЛШ со што би обезбедиле спас за клубот бидејќи заработката би била поголема од 15 милиони евра. 
Инсистирам да играат секогаш 5-6 играчи од младинската школа и се надевам дека по освојувањето на титулата ќе склучиме нов, двегодишен договор со тренерот Божовиќ, изјави Терзиќ кој откри дека Телеком и Гаспром го помагаат клубот со 5,3 милиони евра годишно.