Зошто вкусот на пивото не тера да бараме повеќе?
Дури и без опивачкиот ефект на алкохолот, вкусот на пивото го засилува лачењето допамин во мозокот, се вели во новото истражување на Универзитетот во Индијана, на коешто се повикува „Дејли Меил“.
Допаминот, како невростимулатор, е поврзан со чувството на задоволство и среќа, но и со разните видови зависности. Експериментот со скенирање на мозокот на 49 мажи кои штотуку се напиле пиво или од спортската напивка „Гаторејд“, покажува дека вкусот на пивото произведува значително поголемо количество допамин.
Освен тоа, испитаниците признале дека потоа чувствуваат жед за уште повеќе пиво, за разлика од безалкохолниот напиток.
„Ова е првиот експеримент, којшто посочува дека вкусот на пивото сам по себе, ако се исклучи секаков опивачки ефект од алкохолот, може да предизвика повисока допаминска активност во центрите за среќа во мозокот“, се вели во истражувањето.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност