Зошто секогаш страдаат невините, чисти души: Малечката Дуња погребана во бел ковчег покрај својата мајка
Во присуство на семејството и пријателите на гробиштата кај Прокупље погребана е шестмесечната Дуља и нејзината мајка Јована (27) кои трагично настрадаа во саботата навечер на автопатот кај Алексинац.
Поворката во тишина ги испрати настраданите до гробот. Во поворката беше и сопругот на Јована, Драгиша Љубиќ (27), кој како и нивниот тригодишен син беше повреден во страотната несреќа.
-Од вчера го држат под инекции и не смеат да го пуштат ниту минута. Вчера рече дека својата болка и тага не може да ја опише со зборови, но дека мора да дише поради малиот Андреја кој се уште е во нишката болница. Детето не знае што им се случило на мајката и сестрата, но постојано ги бара. Кога ќе дојде и кога се ќе стивне, дури тогаш ќе почувствува болка. Сега е под лекови, сите од фамилијата се, вели пријател на Драгиша.
Тој додава дека оди како сенка и дека целата куќа е во некоја тишина.
-Повеќе немаат сила ниту да одат, додава соговорникот.
Драгиша ја обожаваше Јована и своите деца. Неодамна на еден пријател му рече дека планираат и трето дете, зошто за нив тоа е совршено семејство.
-Зошто секогаш страдаат невините, чисти души. Еве видете го ковчегот на Дуња, бел, чист, како таа. Зошто Боже го земаш она што е најдобро - очајно се слуша меѓу оние кои дојдоа да ја испратат Јована и малечката Дуња.
Драгиша дури два дена по трагедијата дозна дека му загинале сопругата и ќерката во сообраќајката.
Под сомнение дека предизвикал страотен судар во кој Дуња и Јована го загубија животот, приведен е Драгољуб Ј. (45) кој во понеделникот првин е сослушан во Обвинителството по што му е одреден притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти