Зошто Русија му е сојузник на Асад
11 октомври 2015
Економист - Лондон
Над Сирија летаат руски борбени авиони. Во последниве недели, Кремљ го засилуваше своето присуство во Сирија испраќајки авиони и најсовремени системи за противвоздушна одбрана.
Во понеделникот во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН, Владимир Путин повика на „широка меѓународна коалциција“ против Исламска држава. Утрото на 30 септември рускиот парламент му даде дозвола на Путин да распореди руски вооружени сили надвор од земјата. Руски официјални лица велат дека ијадници руски граѓани (повеќето до Северен Кавказ), за кои се смета дека се борат за Исламска држава, се сериозна закана за националната безбедност на земјата. Но за Путин не помалку важно е да му даде поддршка на стариот сојузник Башар ал Асад, кој по четири години од крвавата војна контролира околу 20 проценти од територијата. Зошто Кремљ толку опстојува на поддршката за Асад?
Врските помеѓу Русија и Сирија датираат од пред повеќе од четириесет години. За време на Студената војна, Сирија која штотуку ја доби својата независност стана сојузник на Источниот блок. Како млад, Хафез ел Асад, татко му на Асад, учел да пилотира со авиони ловци во Советскот сојуз. Откако во 1970 година ја презема власта со преврат, таткото Асад ја посети Москва за да побара оружје и поддршка. И кон Сирија потече обемен тек со оружје; кога на власт дојде Башар, тој склучи нови договори и ја претвори Русија во најголемиот доставувач на оружје за Сирија. Покрај тоа, сириската влада и дозволи на Русија во пристаништето Тартус да изгради воено складиште кое сега е единствената руска военопоморска база на Блискиот исток и во Средоземното море. Во Сирија има и голем прислушен центар на руското воено разузнавање. Културните врски ги подигнаа двостранте односи на ниво повисоко од очигледните стратешки и трговски интереси. Голем број сиријци одеа да студираат во Советскиот сојуз; многумина се оженија таму и создадоа мешани семејства.
Но сепак, поддршката на Русија за Асад не е толку поврзана со Сирија сама по себе колку со Западот. Кремљ со вџашеност ја набљудуваше Арапската пролет, гледајќи во востанијата против авторитарните лидери американски заговор. Путин лично не негува кон Адад топли чувства, но сирискиот лидер се претвори во симбол на спротивставувањето на „обоените револуции“ и обидите за „смена на режимите“. Бидејќи досега го поддржуваше Асад, ако сега Путин дозволи тпој да падне тоа ќе значи дека „тој отстапува пред американскиот притисок, а тој не може да си го дозволи тоа“, објаснува Георгиј Мирски од Високата економска школа во Москва. Освен тоа, последнот гамбит во Сирија му помогна на Путин да го отргне вниманието од недобиената војна во Украина и да ја врати Русија во семејството на светските сили.
Обама се сретна со Путин на маргините на Генералното собрание на ОН, првпат по две години. Обраќањето на Путин, и кон руската јавност и кон незападниот свет, значи дека Русија продолжува да е апсолутно неопходна за решавање на светските проблеми, независно дали на Западот тоа му се допаѓа или не.
Верен на својот стил, Путин изгбра да игра тврдо во Сирија. Руското присуство нема да придонесе за разврска на војна таму, туку уште повеќе ќе го продлабочи конфликтот. Америка која бараше Асад неодложно да си замине, ја омекна својата позиција, но тој е незаобиколен за секоја соработка помеѓу создадената од Русија коалиција (која засега ги вклучува Ирак, Иран и Сирија) и американската коалиција. Но откако во Сирија веќе беше распоредено противвоздушно оружје, Кремљ може да воспостави зона забранета за летови на силите на Нато; вчера Русија практично објави таква зона, иако земјите од коалицијата велат дека продолжуваат да изведуваат летови, со што се зголемува можноста од потенцијално фатални несреќни случаи. Засега руски офицјални лица потенцираат дека не размислуваат за копнени операции.
Поддршката за интервенција во Сирија продолжува да е ниска меѓу русите и се уште е живо сеќавањето на долгата војна на Советскиот сојуз во Авганистан. Но не е мал ниту ризикот мисијата да се пропадне. Колку повеќе вложува Путин во играта за Сирија, толку потешко ќе му биде да се извлече од неа.
Ново на Сител
-
Денеска е Св. апостол и евангелист Матеј.
-
Тајвански власти: 33 кинески воени авиони и осум бродови забележани недалеку од островот
-
Зеленски: Путин сака да ја ескалира ситуацијата за Трамп да не може да ја прекине војната
-
Во Берово измерени нула степени, најтопло во Демир Капија, Охрид, Претор и Гевгелија
-
Гаши во Гостивар во посета на канцелариите за контакти со пратениците
-
Претседателката Сиљановска Давкова на средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ
-
Приватните превозници и денеска не возат, очекуваат одлука на вонредна седница на советот на Град Скопје
-
Примопредавање на должност меѓу досегашниот и новиот претседател на Советот на ЕУ