Ракомет
18. September 2018 - 14:58

Зорица Блажевска нов претседател на РК Металург

 
 
Македонскиот ракометен вицепрвак Металург од денеска има нов претседател. Станува збор за досегашниот Генерален секретар Зорица Молкоска Блажевска, која на функцијата доаѓа на местото на Зоран Цветановски.
 
- Долгогодишната работа во ракометните кругови, нејзиниот ангажман и отвореноста во комуникацијата со јавноста и со медиумите, беа доволна препорака за  изборот на Блажевска на оваа функција и таа веројатно е првата жена-претседател во клубовите што настапуваат во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите, соопштено е на клупскиот сајт на тимот од Автокоманда.