Спорт плус
19. February 2018 - 13:58

ЗОИ: Злато и рекорд за Норвешка

Норвежанецот Хавар Лоренцен триумфираше на спринтерската трка на 500 метри во брзо лизгање и освои златен медал на ЗОИ во Ј.Кореја. 

Во возбудлива трка со неизвесен финиш Лоренцен триумфираше за една стотинка пред домашниот натпреварувач Мин Кју Ча. 
Тингју Гао од Кина освои бронзен медал откако го доби двобојот со Финецот Путале.
Времето од 34.41 секунди на Лоренцен е и нов олимписки рекорд на патеката од 500 метри.