-->
-->
ЗОИ: Свиндал напиша историја
-->
Не само што освои златен медал туку и напиша историја како најстар освојувач на олимписко злато во алпско скијање.
Тоа е 35-годишниот Аксел Лунд Свиндал од Норвешка кој триумфираше во спуст на ЗОИ во Пјонгчанг.
Свиндал победи со време 1:40.25 минути, зад него беше неговиот сонародник Јансурд кој заостануваше 12 стотинки, додека третото место му припадна на лидерот во оваа дисциплина Беат Фојц од Швајцарија (1:40:43 минути).
За Норвежанецот ова беше втор олимписки медал, првиот го освои во 2010 година во Ванкувер. Покрај двете злата тој на олимпијадите има освоено едно сребро и една бронза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата