Спорт плус
15. February 2018 - 10:33

ЗОИ: Свиндал напиша историја

Не само што освои златен медал туку и напиша историја како најстар освојувач на олимписко злато во алпско скијање.

Тоа е 35-годишниот Аксел Лунд Свиндал од Норвешка кој триумфираше во спуст на ЗОИ во Пјонгчанг.

 Свиндал победи со време 1:40.25 минути, зад него беше неговиот сонародник Јансурд кој заостануваше 12 стотинки, додека третото место му припадна на лидерот во оваа дисциплина Беат Фојц од Швајцарија (1:40:43 минути).

За Норвежанецот ова беше втор олимписки медал, првиот го освои во 2010 година во Ванкувер. Покрај двете злата тој на олимпијадите има освоено едно сребро и една бронза.