Живот
4. October 2018 - 10:49

Знаете ли колку милијардери има на Балканот?

Картографот Јакуб Мариан на својата страница објавил карта која ги прикажува европските милијардери во 2018 год.

Податоците се базирани на листата на Форбс за најбогатите личности на светот. "Како Европјанин кој сака статистика, ме интересира колку од тие личности живеат тука", пишува на својот сајт.

Напоменува дека картата прикажува број на милијардери на 10 милиони жители. Пример, САД има 18 милијардери на 10 милиони жители односно 585 милијардери вкупно. За споредба, Кина има 373 или 2,7 на 10 милиони луѓе.

Исто така две микродржави како Монако и Лихтенштајн, имаат барем по еден милијардер, што ги става на врвот на листата. Занимливо е како во Луксембург нема ниту еден милијардер, иако во 2014 таму живееле 17 од нив, но ниту еден нема државјанство.

Пописот на чешкиот математичар и лингвиист нуди тажен поглед на Балаканот, но ништо подобро не е и во другите словенски држави. Русија очекувано е на врвот со 101 милијардер, Украина 7, Полска и Чешка со 6 и Словачка со еден милијардер.

Белорусија, Србија, Македонија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, Словенија и Хрватска немаат ниту еден милијардер.