Македонија
15. August 2022 - 16:36

Значително помал број деца позитивни на Ковид-19 минатата недела на прегледи во Козле

Ако пред неполн месец за едно деноноќие во детската болница Козле амбулантски биле третирани и по 100-тина деца позитивни на Ковид 19, последната недела преполовен е бројот на прегледи. Од установата велат дека се намалува и бројката на хопитализирани пациенти. Во моментот на болничко лекување имаат 20 дечиња.

-Во последните денови и викендот имавме помал број на пациенти кои доаѓаат во нашата установа и бараа помош за справување со вирусот Ковид. Моменталната бројка на пациенти во установата е 20-тина деца, а минатата недела имавме 25-26 деца и тие што се во нашата установа се во добра општа состојба и имаат добра клиничка слика, изјави д-р Бесник Зеќири, директор на детската болница Козле.

Од друга стррана, периодов за многу деца родителите се сомневале дека се работи за Ковид, поради силичните симптони со други инфекции, но тестовите им биле негативни.

-Со висока температура, со болки во грлото со гастроентестинални проблеми, повраќање, со стомачни проблеми има и деца кои дошле од одмор, но и поради временските неприлики периодов, но биле негативни на Ковид, вели  д-р Зеќири.

Инаку од почетокот на пандемијата официјално пријавени се 8560 деца до 9 годишна возраст кои биле позитивни на Ковид.