Loading Video...
Спорт плус
20. October 2018 - 16:17

Злато за Димитар Ѓорѓиев на ЕП во кик бокс

Македонскиот кик боксер Димитар Ѓорѓиев е нов европски шампион во дисциплината лоу-кик до 86 килограми

Тој утринава на Европското првенство што се одржа во Братислава, Словачка во финалето го победи Русинот Баксанов.
 
Ова е прво злато од Европските првенства за Димитaр Ѓорѓиев, претходно три пати беше Светски шампион.

Покрај Ѓорѓиев со медал и тоа бронзен од Братоислава, с враќа и Бобан Илиоски кој во категоријата К1 (-81 кг) во полуфиналето загуби од Белорусинот Дмитри  Баранау.