Фудбал
23. јуни 2016 - 14:02

Златко Крањчар нов тренер на Динамо Загреб

Хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб го назначи Златко Крањчар за наследник на Зоран Мамиќ на тренерската позиција.
 
Крањчар „модрите“ ги предводеше и во минатото во неколку наврати. Како тренер на Динамо има освоено две шампионски титули и два национални купа во Хрватска.
 
Промоцијата на својот нов тренер Динамо ја најави за утре, а веќе од сабота клубот заминува за соседна Словенија на подготовки за квалификациските натпревари од Лигата на шампионите против македонскиот првак Вардар.