Спорт плус
29. March 2016 - 17:54

Златен медал за Македонија на „Тоскана Тур“

Македонскиот репрезентативец Лука Заложник со грлото „Индило“ триумфираше на натпреварот во коњички спорт – прескокнување на пречки во конкуренција на петгодишни коњи што се одржа во Арецо, Италија. Натпреварот „Тоскана Тур 2016“ е со награден фонд од 650.000 евра, а се бодува и во рамките на Светскиот куп. 
На натпреварувањето во Италија учествувале 506 натпреварувачи со 953 грла од повеќе од 60 држави. Џокејот Заложник треба да настапи во уште пет категории со вкупно шест грла.
Генералниот секретар на Коњичката федерација на Македонија, Влатко Стефановски информираше дека нашата земја има добиено покана за учество на четири турнири од „Глобал Чемпионшип“ кои се реализираат во една календарска година и се емитуваат на телевизијата „Евроспорт“.