Бизнис
27. December 2017 - 19:43

Зимава ќе има доволно струја, ЕЛЕМ ќе произведува, а ако има потреба ЕВН ќе увезува

За четири дена истекува договорот со кој Елем можеше да увезува струја. Со новиот закон за енергетика кој е во подготовка оваа обврска од Нова Година се враќа кај ЕВН.

Компанијата од надвор за месец јануари ќе обезбеди 136  гигават часови електрична енергија. Според договорот ЕЛЕМ имаше обврска да увезува струја  само годинава.

Од ЕВН посочија дека за нив како компанија е важно на време да ги добиваат извештаите од ЕЛЕМ и да бидат што попрецизни за да имаат увид колкава количина на струја треба да увезат од надвор ако има потреба од тоа.

Од ЕЛЕМ уверуваат дека годинава Макеоднија нема да се соочи со енергерска криза. Има доволно капацитет да се задоволат  потребите од електрична енергија. Во Рек Битола има доволно количини на јаглен за трите блока , а паралено пуштен  во погон е и ТЕЦ Осломеј.

ЕЛЕМ  годинава очекува зголемено призводство на струја. Иако првичните анализи покажаа дека 2017 ќе се заокружи со производство од околу 3700 гигагав  часови електрина енергија, се очекува да бидат произведени, до 4100 гигават часови.

Според енергетскиот биланс Македонија годинава ќе потроши 2,7 проценти повеќе електрична енергија, а за три проценти повеќе ќе се произведе.