Македонија
30. January 2021 - 14:31

Зијадин Села: Алијанса може да стане дел од мнозинството ако се прифати Законот за државјанство

Политичката партија Алијансата на Албанците може да се приклучи кон владејачкото мнозинство доколку се исполни условот и биде донесен нивниот предлог закон за државјанство. Оваа можност ја кажа лидерот на партијата Зијадин Села во вчерашното гостување во емисијата „Политика“ на локалната телевизија ТВ Глоби.

На прашањето под кои услови АА би станала дел од власта, со оглед дека во политичките кулоари се најавува таква можност, Села не одрече дека албанската опозиција може да биде дел од власта. Тој се огради од таквите информации, но како услов да се биде дел од Владата, го поставува Законот за државјанство.

– Имаме обврска да ги исполниме ветувањата што им ги дадовме на Албанците кои врз основа на оствареното нè легитимираа. Ние сме сериозни кон ветеното и така постапуваме. Кога бевме дел од власта во рок од 100 дена го донесовме Законот за јазиците. Сега рековме дека Законот за државјанство ќе се донесе во рок од 100 дена. Ова се однесува на комбинаториката ако АА стане дел од мнозинството. Без да се донесе нашиот предлог на Законот за државјанство, нема да прифатиме да станеме дел од владата, рече  претседателот на Алијансата за Албанците.

Тој посочи дека на платформата „Shtetësia.mk“ која неодамна ја промовирале, се пријавиле стотици граѓани. Тие како албанската опозиција се заложиле на тие граѓани без државјанство да им овозможат да дојдат до него по легален пат.

За претстојните локални избори, лидерот на најголемата опозициска партија кај Албанците во Македонија најави убедлива победа во шестата изборна единица. На нив ќе настапи заедно коалициониот партнер „Алтернатива“ на Африм Гаши.

– Нашите очекувања се дека во 6-та изборна единица, особено во полошкиот регион. На ДУИ ќе им биде многу тешко да преземе која било општина. Во моментов во Полог имаат две општини Теарце и Тетово. Ние раководиме со три Гостивар, Боговиње и Врапчиште, а во Брвеница имаме повеќе советници. Затоа велам дека ДУИ е под закана дека ќе остане без ниту една. Веруваме дека овие избори ќе бидат изненадување, бидејќи ДУИ навистина е во криза. Албанците конечно ќе го добијат тоа што заслужуваат, рече изјави тој во емисијата „Политика“ на ТВ Глоби.

Села потврди дека коалицијата Алијанса и Алтернатива“ интензивно работат на терен за локалните избори. За кандидати во Гостивар, Врапчиште и Боговиње најверојатно ќе одат со сегашните градоначалници, Арбен Таравари, Аљбон Џемаили и Исен Шабани.

Запрашан за коментар околу случајот „Монструм“, лидерот на Алијанса вината за реакциите и незадоволството на граѓаните го префрли на актуелната владеачка коалиција. Тој смета дека последните изјави на премиерот Заев и оние дадени претходно се „политички игри“ и имаат штетни последици врз семејствата на оние млади луѓе кои беа убиени и на семејствата на осудените. Според него, одговорноста за овој случај треба да ја понесат СДСМ и ДУИ.