Зидан задоволен од играта на Реал по ремито со Сосиедад
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар од 25. коло на Шпанскиот фудбалски шампионат против Реал Сосиедад (1:1).
– Одигравме добар натпревар. Можеби почетокот не беше најдобар, но имавме шанси, особено во првото полувреме. Изгубивме два бода – игравме дома, но не можам да кажам дека сум незадоволен. Во текот на мечот ја сменив формацијата. Промените влијаеја на играта на најдобар начин. Имавме добар натпревар со 3-4 шанси за гол. Тимот создава шанси, треба да продолжиме во истиот дух, изјави Зидан за „Марка“.
По овој натпревар Реал Мадрид има 53 бода и е трет на табелата. Пред него се Барселона со 53 бода и Атлетико Мадрид со 58 и натпревар помалку.
Реал Сосиедад со 42 бода е петти на табелата во Ла Лига.
Ново на Сител
-
Богдановиќ: Штетите кои би настанале од суспендирање на урбанистичкиот план ќе ги сноси Општината
-
Стоилковски: Ако нема пари за петтиот пакет помош, Заев нека го каже тоа јасно и гласно
-
Уште еден загинат во страшната сообраќајка која завчера се случи кај Маврово – други две се борат за живот
-
Николовски: Нема повеќе расипничко трошење на народните пари
-
МВР: Проблемот со двојните матични броеви датира од 1981 година
-
Битиќи: Четирите пакети економски мерки ги намалија негативните ефекти од кризата
-
Приведен дилер на хероин во Кичево
-
Кривична за седум лица од Кочани кои претепаа дете