Ракомет
23. December 2015 - 10:58

ЖРК Вардар останува без Французинките

Француските репрезентативки во редовите на ЖРК Вардар, Сираба Дембеле и Амадин Лејно, по завршувањето на сезоната ќе го напуштат клубот.
 
Дембеле пред 20-ина дена најави дека ова ќе биде последната сезона во ’црвено-црниот’ дрес, кој го носи од 2013 година, а нејзина нова дестинација ќе биде амбициозниот руски тим од Ростов на Дон.
 
Од друга страна, Лејно француските и унгарските медиуми ја селат во еден од најдобрите европски екипи, унгарски Ѓер.
 
Покрај Дембеле и Лејно, најавено е дека Вардар по завршувањето на сезоната ќе го напуштат уште неколку ракометарки: Лекиќ, Сокач, Лазовиќ, Алтхаус, што значи дека во сезоната 2016/2017 најдобриот македонски тим ќе влезе со целосно нов состав.