Жмурки од пеколот: Дете (7) се заглави во машината за перење алишта
Сцена како од хорор филм!
Седумгодишно дете од Харков во Украина си играло дома жмурка со браќата и сестрите и помислил дека машината за перење за алишта е иделано место за скривање.
Детето тргнало да се крие во пералната, но се заглавило и не можело да се мрдне ни напред ни назад. Детето почнало да паничи, па дошле родителите да го извадат, но не можеле никако да го извлечат детето, па повикале пожарникари.
Четворица пожарникари дошле на самото место, а правата работа што ја направиле била вклучување на фен за коса. Детето, имено им се пожалило дека нема воздух, па со фенот направиле да се чувствува поугодно.
Набрзо потоа почнало спасувањето. И детето и машината ги намачкале со вазелин па го извлекле. Детето било заробено таму само 20 минути, а му се чинело како да е цела вечност.
Видеото од спасувањето е предупредување за сите родители и деца:
Ново на Сител
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен