Џет-Сет
5. November 2017 - 15:00

Животот на Синан Сакиќ виси на конец: Пејачот итно префрлен во болница во Белград

Пејачот Синан Сакиќ повеќе од месец дена лежеше во болницата во Тузла. Иако прогнозите не беа најдобри, семејстото продолжи да се надева дека тој ќе се излечи.

Некои работи се подобрија, а тоа го потврди и неговата сопруга Сабина. Таа се огласи на Фејсбук.

-Сакаме да му се заблагодариме на началникот на Интерната клиника, шефот на интензивна терапија и нашиот драг професор и сите други доктори, сестри, техничари, и сите луѓе кои се изборија за животот на Сакиќ кој висеше на конец. Со санитет допатувавме во Белград. Засега Сакиќ е во стабилна состојба. Им благодарам на сите крводарители и сите луѓе кои не бодреа и се молеа со нас. Многу ве поздравуваме и ве сакаме, напиша сопругата Сабина.

Да потсетиме, Синан во болница беше поради операција и вградување на стент, но сотојбата нагло му се влоши и сите стравуваат од најлошото.