Македонија
22. November 2015 - 16:18

Жителите на долни дисан побараа решавање на проблемите од премиерот Груевски

Се решаваат и проблемите на жителите на неготинското село Долни Дисан. По посетата на Криволак и поставувањето на камен темелникот на индустриската зона во Неготино, Груевски се сретна и со жителите на ова место. Доцна синоќа  стотици граѓани го пречекаа со топло добредојде и благодарност  што ги посети токму на празникот Св Архангел Михаил кој  го празнуваат како селска слава.Се разговараше за потребите на жителите како и за решенија на проблемите со кои се соочуваат.

Жителите задоволни од подобрените услови за живот во селото. Ги посочија бројните реализирани проекти досега.

Граѓаните го посочија проблемот со водоснабдувањето на земјоделските површини. За што беше кажано дека догодина ќе се реализираат два проекти со кои ќе се реши и овој проблем на жителите.

Со засилено темпо се работи и на изградбата на пат до селото Вешаје . Градоначалникот информираше дека се очекува новиот пат да биде пуштен во употреба до крајот на април.  Меѓудругото земјоделците побараа од премиерот да бидат вклучени во проектот Купи куќа купи стан како кредитоспособна категорија, за што Груевски вети дека ќе го разгледа барањето и доколку може ќе им излезе во пресрет.