Жител на Дебар загина во сообраќајна несреќа во Германија
Жител на Дебар, кој работел во Германија, синоќа го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила во близина на градот Кулмбах во државата Баварија.
– Несреќата се случила кога автомобилот марка „мерцедес“ што го управувал Омер И.(31) се судрил со камион и од здобиените повреди починал на самото место на несреќата. Тој во Германија работел како мајстор за прозорци и покриви во позната германска фирма, пишува Frankenpost.de.
За трагичната смрт на момчето објави на Фејсбук и Керим Шкрели кој вели дека е длабоко погоден од оваа трагедија, бидејќи токму тој му помогнал да се вработи во Германија.
– Длабоко ме погоди смртта на момчето од Дебар кое животот го загуби во сообраќајна несреќа кај Кулмбах, кого го донесов на работа во Германија пред две години. Ја остави својата млада сопруга со три дечиња, едното новороденче. Мудро, љубезно, вредно, многу благодарно и почитувано момче. Моето тело и срцето треперат. Сочувство до семејството, роднините, пријателите и другарите. Наскоро ќе го организираме транспортот на телото до неговата татковина, Македонија, пишува меѓу другото Шкрели.
Дебарската јавност со неверување ја прими веста за смртта на момчето, за кое имаат само пофални зборови.
Пред неколку месеци во сообраќајна несреќа во Германија загина 21-годишно момче сто така од Дебар.
Ново на Сител
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани
-
МНР: Ќе се зголемува процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати, мандатот ќе биде четири години
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг