Македонија
31. October 2018 - 14:27

Жичницата од утре со ново работно време- има измени и во возниот ред на автобуската линија 25

Од утре, 1.ноември 2018 година, жичницата ќе има зимско работно време кое ќе важи до 1.март, информираат од ЈСП-Скопје.

Жичницата ќе работи од 10 до 17 часот, последното возење нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од надоле ќе биде 16.45 часот.

И понатаму, неработни денови на жичницата ќе бидат понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот.

Од утре, 1.ноември 2018 година, ќе има измени и во возниот ред на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно).

Се укинуваат досегашните поаѓања од Транспортен центар во 16.20 ч и 17.20 ч, односно поаѓањата во 16.40 ч, 17.40 ч и 18.40 ч од Средно Водно.

Возен ред од 1. ноември на линија 25

Вторник-Петок

Транспортен центар: 8 ч, 9 ч, 9.40 ч, 10.20 ч, 11.20 ч, 12.20 ч, 13.20 ч, 14.20 ч, 15.20 ч.

Средно Водно: 8.40 ч, 9.40 ч, 10.40 ч, 11.40 ч, 12.40 ч, 13.40 ч, 14.40 ч, 15.40 ч, 17 ч.

Сабота-Недела

Транспортен центар: 7.30 ч, 9 ч, 9.40 ч, 10.20 ч, 11.20 ч, 12.20 ч, 13.20 ч, 14.20 ч, 15.20 ч.

Средно Водно: 8.40 ч, 9.40 ч, 10.40 ч, 11.40 ч, 12.40 ч, 13.40 ч, 14.40 ч, 15.40 ч, 17 ч.

И понатаму, линијата 25 во понеделник не е во функција.

Сакаме да ги потсетиме корисниците на јавниот превоз дека возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.