Жестоки борби меѓу авганистанските сили и Талибанците во центарот на Кундуз
– Авганистанските сили и Талибанците водат жестоки борби во центарот на градот Кундуз, главниот град на истоимената провинцијата, изјавија официјални лица и жители.
– Жестоките борби од улица до улица продолжуваат во различни делови на градот. Некои безбедносни сили се повлекоа кон аеродромот, рече Амрудин Вали, член на провинцискиот совет на Кундуз. Т
алибанците од петокот зазедоа две провинциски престолнини, но Кундуз, кој се наоѓа во северните региони на земјата, би бил најзначаен доколку падне во рацете на џихадистите. Талибанците започнаа офанзива во мај, кога странските сили ги започнаа последните фази од нивното повлекување. – Талибанците стигнаа до главниот плоштад во градот. Авионите ги бомбардираа”, рече телефонски Абдул Азиз, жител на градот. – Владее целосен хаос, пренесуваа западни медиуми.
Авганистанските владини сили во голема мера ја препуштија провинцијата на џихадистите, но сега се борат за да заштитат голем број градови низ земјата. Во петокот, Талибанците го зазедоа првиот провинциски главен град, Заранж во Нимроз, а еден ден подоцна го зазедоа Шеберхан во Јoуџан
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање