Македонија
29. August 2020 - 14:13

Жестока дебата за новиот владин кабинет на Заев

33 милиони евра за оделенијата за интензивна нега во македонските болници за справување со корона вирусот. 20.000 минимална плата до крајот на мандатот, разрешени судии кои предметите ги доведувалле до застарени, отчетни министри и проверен капитал на државните функционери, 80% завршени преговори со ЕУ во првите 4 години...

Ова се само дел од ветувањата коишто мандатарот Зоран Заев ги даде во своето експозе пред пратениците на седницата за избор на неговиот нов владин кабинет. 

Во Собранието се води жестока дебата за кадровскиот потенцијал на новата Влада, но и за тоа колку од ветувањата ќе можат да бидат реализирани. 

Заев рече дека ветува мала но ефикасна Влада чии министри имаат капацитет и се стручни да ги реализираат ветувањата. Побара и соработка со опозицијата од македонскиот и од албанскиот блок за стратешки прашања, а од пратениците побара исклучиво да се водат од интересите на граѓаните. 

Заев од граѓаните побара пак во наредните месеци кога државата најверојатно здравствено и економски ќе биде погодена силно од корона пандемијата да помогнат со почитување на здравствените протоколи.

Опозицијата пак вели дека ништо од досега ветеното не било реализирано, што е доказ дека оваа Влада ќе нема капацитет за да ја води државата во наредните 4 години. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски потенцираше дека Македонија тоне во корупција, а овој владин тим со тоа не може да се справи бидејќи треба да почне со справување од себе. Тој го праша мандатарот Заев зошто ништо не кажал за можното вето од Бугарија во ЕУ преговорите и не спомнал ништо за проблемот со Бугарија околу признавањњето на македонскиот јазик и одредени историски личности. 

„Ова ќе биде Влада со најкраток мандат. Веќе во есен ве чекаат силни демонстрации, се гледаме во македонските градови и села,“ најави николовски. 

Од власта пак решенијата на Заев прв ги бранеше пратеникот Дамјан Манчевски. Тој посочи ена и во 2017 година опозицијата реагирала на тоа дека се разботи за нелегитимно мнозинство и се заканувала со протести, но се што видовме рече Манчевски е членство во НАТО и најава за почеток на преговори со ЕУ. 

„И тогаш почнавме со мало мнозинство, но памтите завршивме со двотретинско мнозинство во Парламентот“, рече Манчевски.

 

Катерина Нешкова