Македонија
19. November 2015 - 8:32

Женските права низ призмата на аудиовизуелните уметности

Симпозиум за „Женските права низ призмата на аудиовизуелните уметности во Југо-Источна Европа” ќе се одржи денеска и утре во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности.

Ќе учествуваат филмски авторки, активисти за женски права, социолози и експерти кои активно работат на ова прашање.

Во рамки на симпозиумот ќе бидат прикажани документарни филмови, а целиот настан ќе биде документиран од страна на посебна филмска екипа, која на крајот ќе произведе документарен филм. Текстовите на учесниците, пак, ќе бидат објавени во заедничка публикација, која ќе биде промовирана во март 2016 година.

Симпозиумот е организиран во соработка со УНЕСКО, а го поддржаа весникот Нова Македонија, Кинотеката на Македонија и Град Скопје.