Живот
28. December 2017 - 10:47

Жените откриваат какви мажи сакаат

Научници од австралискиот Грифит универзитет спроведоа истражување на тема - какви мажи посакуваат жените најмногу.

Испитувањето опфатило 150 Австралијанки, и тие требало да разгледаат најразлични фотографии и да ги оценат луѓето според привлечноста. Се покажало дека жените ги привлекуваат силни, високи момци, атлетски градени, но претпочитаат да бидат и слаби.

Мажите коишто на слика изгледаат силни, добија повисоки оценки. На второ место по привлечност се слабите и високи момчиња.

Заклучокот од анкетата гласи дека жените и натаму избираат мажи за кои сметаат дека би можеле да се грижат за нив.

Едно претходно истражување пак, спроведено во Универзитетот на Пенсилванија, покажа дека Американките сакаат ќелави мажи.