Македонија
8. March 2016 - 13:43

„Жената борец за слобода и македонска државност“ во Музејот на македонската борба

Во Музејот на македонската борба, со специјална програма насловена „Жената борец за слобода и македонска државност“, денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената - 8 Март.

Низ потсетувањето на животниот пат на жените кои се бореле за слободата и државноста на Република Македонија, Музејот им оддава почит на неколку жени револуционерки од НОБ во Македонија - Вера Јоциќ, Жамила Колономос, Ибе Паликуќа, Вера Циривири Трена и Мирка Гинова.

Во рамките на програмата предвиден е настап на хорот и драмската секција на ООУ Вера Циривири Трена од Скопје, музичките гости ансамблот „Македонија“ и студенти актери од Универзитетот за адуио и визуелни уметности ЕСРА од Скопје.

Специјални гостинки на Музејот на македонската борба, покрај министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, се и офицерки на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.