Македонија
8. March 2016 - 8:33

„Жената борец за слобода и македонска државност“ во Музејот на македонската борба

Музејот на македонската борба ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената 8 Март со специјална програма насловена „Жената борец за слобода и македонска државност“. 

- Низ потсетувањето на животниот пат на жените кои се бореле за слободата и државноста на Република Македонија, Музејот ќе им оддаде почит на неколку жени револуционерки од НОБ во Македонија - Вера Јоциќ, Жамила Колономос, Ибе Паликуќа, Вера Циривири Трена и Мирка Гинова, соопшти Музејот на македонската борба. 

Програмата ќе ја збогатат хорот и драмската секција на ООУ „Вера Циривири Трена“ од Скопје, ансамблот „Македонија“ и студенти актери од Универзитетот за адуиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје.

Специјални гостинки на Музејот на македонската борба ќе бидат офицерки на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.