Македонија
3. July 2016 - 12:28

Жена тешко повредена во сообраќајка на патот Битола - Ресен

Вчера околу 17,45 часот на регионалниот пат Битола-Ресен кај Ротинска раскрсница случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фиат Панда“ со битолски регистерски ознаки управувано од В.П.(59) од Битола и возило „Форд Мондео“со битолски регистерски ознаки управувано од Љ.Н.(53) од Битола.
 
Во незгодата со телесни повреди се здобила возачот В.П. и истата била пренесена во Клиничката болница-Битола за укажување на лекарска помош.
 
Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.