Балкан
16. February 2016 - 10:26

Жена се обеси зошто остана без работа

Не можеше да се помири дека ќе остане без работа и ќе нема од што да живее. Вака раскажуваат колегите на 56-годишната Љубинка Дервишевиќ која се самоуби во својата зграда во Србија.

Хигиеничарката од Домот за здравство, која се обеси во подрум во зградата каде живее, најавила дека ќе си го одземе животот ако добие отказ. Според зборовите на нејзините најблиски, таа во саботата кажала дека ќе се убие ако нема работа.

Откако ја забележале обесена, синот веднаш притрчал да ја симне мајка си и викнал Брза помош, но таа за жал можела само да констатира смрт.

Инаку, таа пред неколку дена дошла со модринки на работа, поради што колегите се посомневале дека сакала да си стори нешто.

Соседите велат дека била добра жена и домаќинка и дека ова е голема трагедија.