Македонија
24. јуни 2021 - 18:24

Жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

57-годишна жена пронајдена мртва во својот стан во Кисела Вода.

На 23.06.2021 околу 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот стан на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината К.К.(57) од Скопје,соопштија од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.