Македонија
20. November 2021 - 20:09

Жена пронајдена мртва во Шуто Оризари

67-годишна жена била пронајдена мртва во нејзиниот дом во скопско Шуто Оризари.

- На 19.11.2021 во 14.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари од Итната медицинска помош било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари во домот била пронајдена почината Ј.З.(67) од Скопје, информира МВР.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.