Жена монструм: Го искасапила сопругот до смрт бидејќи не му се допаѓал ручекот кој му го зготвила
Жена го убила својот сопруг, бидејќи го критикувал нејзиното готвење, пренесува руската полиција. Таа несреќниот маж го прободела 35 пати.
Четириесет и три годишниот Слава Давидкин е убиен откако Ѝ се пожалил на сопругата дека не ставила доволно сол во храната.
Неговата сопруга, 31-годишната Евгенија почекала тој да заспие, па го прободела пред нивното 4-годишното дете, стои во полицискиот извештај.
Подоцна го признала убиството и оттогаш се наоѓа во куќен притвор.
Парот имал конфликт откако рибарот кажал дека сопругата му зготвила „блинтаво“ јадење. Тврдел дека тоа значи дека таа не го сака.
Кавгата ја продолжиле и откако нивните гости си заминале, рибарот ја удрил сопругата.
Таа била испровоцирана, па потоа го убила сопругот на спиење, па повикала Итна помош. Лекарите можеле само да констатираат смрт.
За време на испитувањето Евгенија рекла дека тоа не им била прва кавга. Според нејзините зборови, сопругот бил тој кој секогаш кој прв почнувал кавга.
Локалните жители ја критикуваат одлуката на полицијата обвинетата жена да остане во домашен притвор и да се грижи за детето.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово