Жена и дете пронајдени удавени во Егејско Море откако потонал мигрантски чамец кај грчкиот остров Лерос
Жена и дете се пронајдени мртви денеска во водите кај грчкиот остров Лерос, откако потонал гумениот чамец со кој група мигранти од Турција тргнале кон грчкиот брег, соопшти грчката крајбрежна стража.
Во операцијата на грчката крајбрежна стража спасени се триесет и три лица, меѓу кои и шест деца, и сите се пренесени во болницата во Лерос, соопштија властите.
Оттаму додаваат дека спасувачката операција продолжува со потрага по евентуални преживеани мигранти.
Во потрагата се мобилизирани три брода на крајбрежната стража и хеликоптер „Супер Пума“, но спасувањето е отежнато од силниот ветер и немирното море.
Алармот за несреќа го испратил рибар кој пронашол тело на жена во морето, пренесуваат медиумите.
Според сведоштвата собрани од полицијата и крајбрежната стража, во гумениот чамец имало 40 лица, меѓу кои деца, жени и лица со ограничена подвижност.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење